Се одржа културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“

Синоќа во атарот на црквата „Св. Петка“ во село Велгошти се одржа традиционалната културна манифестација, „Вечер на Живко Чинго“. Свежо цвеќе пред спомен обележјето на Живко Чинго положија пристуните делегации.

На настанот беше врачена наградата „Живко Чинго“ на Блаже Миневски чиј расказ „Потфрлање на топката“ беше избран за најдобар во конкуренција на 50 други по претходно објавен конкурс на општина Охрид. Обраќањето на Миневски пред присутните го прочита неговата ќерка Марија.

Беседа за великанот одржа проф. д-р Катица Ќулафкова, а се одржа и културно-уметничка програма.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk