Семејството Ѓурови од Охрид добија стан

Зоран и Славица Ѓурови, родители на три малолетни деца, се можеби најсреќните родители од Охрид, во пресрет на Велигденските празници.

стан Ѓурови

По дваесетгодишно живеење под кирија, во трошна куќа, тие денеска добија на користење стан од четириесет и два метра квадратни, кој им го додели Комисијата за станбени прашања при Владата на Република Македонија.

На овој начин, продолжува тенденцијата на Јавното претпријатие за станбен и деловен простор во македонскиот најголем туристички центар, да нема семејства без кров над глава.

ОХРИД 24                                                                                                                          извор: МРТ

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk