Селмани: Заканите ги доживувам како закани од Владата

Селмани кој јавно реагираше на нападот на Беќир Асани подоцна стана мета на закани и вербални напади од страна на Асани.

„Ние денеска излеговме на улица за да им кажеме дека ние новинарите не сме толку наивни за да поверуваме во приказна за мали деца. Дека заканите на Беќир Асани не се лично на Беќир Асани, туку на оние кои што стојат позади Беќир Асани и јас лично тие закани ги доживувам ако закани од Владата. И тука не може некој да ја изигра улогата на добриот и лошиот дечко во владата. Заканите јас ги доживувам како закани од владата и владата мора да најде начин овие насилници да ги стави под контрола, затоа што поинаку нема логика“, вели Насер Селмани.

Според него намерата на овие закани била многу едноставна. Како што рече тој ако успеат Насер да го замолчат, тогаш можат сите. Според него оваа закана не ја доживуваа лично само кон себе, туку и кон сите негови колеги новинари како и кон граѓаните.

„Ако се замолчат новинарите и медиумите тогаш замолчена е и јавноста“, додаде тој.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk