СДСМ Охрид: Жителите на Видобишта немаат достоен пристап до домовите

Портпаролот на општинската организација на СДСМ Охрид, Александар Кузески, денес одржа прес конференција на која истакна дека населбата Видобишта којашто се наоѓа на само неколку километри од центарот на Охрид, сè уште нема асфалтирана улица.

СДСМ прес 1

„Над 1.000 жители од ова место, над 250 семејства немаат достоен пристап до своите домови. Улиците „Момчилo Јорданоски “ и „ Сирма Војвода“ во лето се полни со прашина, а во есен и зима со кал.

Погледнете, во 21 век, во Охрид нема асфалтирани улици, па жителите од оваа населба особено во врнежливи денови едвај стасуваат до своите домови“, изјави Кузески.

СДСМ прес 2Кузески додаде дека за овие граѓани проблем е секое излегување од дома. Кога врне дожд или кога има снег проблемот дополнително се усложнува. Поради тешко проодниот пат сериозно е отежнат пристапот на возилата на брзата помош или на противпожарната бригада.

Од СДСМ Охрид бараат од локалната власт и градоначалникот Никола Бакрачески конечно да се зафатат со решавање на вистинските проблеми на граѓаните и да го решат овој проблем. За жителите од оваа населба треба да се обезбедат основни услови за нормален живот, велат од партијата.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk