РСБСП: Јуни е за јунаци со точаци – сите на точак овој месец!

Под слоганот „Јуни е за јунаци со точаци“, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со 13 локали од Скопје ќе реализираат низа активности со кои заеднички ќе се заземат да ги спојат возењето велосипед и непосредниот допир со природата со урбаниот лик и секојдневието на градот.

„Ние сме активен поддржувач на алтернативните форми на мобилност и во таа насока ги поттикнуваме сите учесници во сообраќајот да го остават својот автомобил и да отидат на кафе со велосипед“, велат од РСБСП.

Активноста ќе се реализира во периодот од 11 јуни до 30 јуни,оваа година. РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот да живеат здраво, да ја чуваат животната средина и своето здравје, да возат велосипед и да придонесат за намалување на сообраќајниот метежи.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk