РСБСП: Не си фраер ако загинеш на матура

„Не си фраер ако загинеш на матура“ – ова е пораката што секоја година Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја упатува до сите матуранти. Славењето на матурата е посебно важна за секој матурант, за неговото семејство, за неговите најблиски. Иако, според убедувањата на многумина, последниве години, на овој настан му се придава и поголемо значење отколку што тоа треба да биде, сепак факт е дека од секогаш овој настан предизвикувал посебна возбуда кај матурантите и нивните најблиски.

Важноста на настанот, повеќе или помалку, никој не ја оспорува. Она што посебно загрижува е начинот на кој се прославуваат матурските вечери: се организираат автомобилски трки по улиците и на патиштата, се управува моторно возило без возачка дозвола, се управува моторно возило под дејство на алкохол, се беснее по улиците, се прават фотографии и се постираат „луди Фејсбук статуси“ додека се управува со возилото. Ова, дефинитивно не е вистинскиот начин да се демонстрира матурата на дело.

Одговорноста за ваквата појава првенствено е кај младите, но и кај нивните родители. Одговорноста на родителите за однесувањето на нивните деца во вечерните часови додека траат матурските прослави е најголема. Во тие мигови, младите нереткосеодлучуваатдаседнат зад воланот, а с`е уште да немаат возачка дозвола. Си дозволуваат веселиот амбиент и изобилството алкохол да ги извадат на површина вишокот енергија и желбата за докажување, а покачениот адреналин да ги наведе на брзо и агресивно возење. За да се спречи трендот на зголемено девијантно однесување на младите во сообраќајот, родителите треба да преземат воспитни мерки кон своите деца, односно преку разговор и позитивен личен пример да им укажат на децата за последиците од неодговорното учество во сообраќајот.

РСБСП упатува апел до матурантите да не управуваат моторно возило за време на матурските прослави бидејќи на тој начин го загрозуваат сопствениот живот, но и животот и здравјето на останатите учесници во сообраќајот.

РСБСП упатува апел и до родителите да покажат повисоко ниво на свест и поголема општествена одговорност со тоа што нема да им дозволат на своите децада одат на матурската прослава со семејниот автомобил, ниту да дозволат да бидат возени од друг матурант. Со тоа ќе спречат животот, здравјето и иднината на нивните најмили да бидат загрозени и доведени во прашање. Само една грешка и еден момент на невнимание може да биде фатален, а последиците ненадоместливи.

Апелот на РСБСП е: „Без автомобил за безбедни и весели матурски прослави! Не дозволувајте моментите за славење да се претворат во трагедија. Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и возете одговорно“.

ОХРИД 24 

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk