Ракометарите на Охрид обезбедија плеј-оф

Ракометарите на Охрид обезбедија и математички пласман во плеј-офот на две кола до крајот на основниот дел од Супер-лигата.

Охриѓани покажаа дека не го загубиле ритамот совладувајќи го Борец со 33-22.

Екипата на РК Охрид водеше во текот на сите 60 минути, а на крајот славеше со +11. Најефикасни кај охриѓани беа Блажевски со шест и Јанчев и Младеновски со по пет гола. Кај противничкиот Борец се истакнаа Петров, Мачевалов и Павловски со по три гола.

Со овие три бода, Охрид има 28 бода, колку и Пролет, но и осум повеќе од Радовиш, што е недостижно на две кола до крајот.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk