Размена на книги (Book swap) во Библиотеката

Негувањето на читачката култура како централно прашање ги обедини заложбите на институциите НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Факултетот за странски јазици при Универзитетот ФОН.

За 16.4.2018 (понеделник) со почеток во 12:00 часот е закажан настан Размена на книги. Секој посетител носи со себе една или повеќе книги кои би сакал да ги подари, а во замена од сите останати донесени книги може да направи сопствен избор на ист број книги. Идејата на овај настан е овозможување размена на идеи, препораки за нови наслови, стекнување со нова книга. Вистински празник за љубопитни книгољупци.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk