Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица

Над 10 000 граѓани денес се придружија на мирниот марш кој го организираше ВМРО-ДПМНЕ во Струмица. Граѓаните јасно го изразуваат своето незадоволство од договорот потпишан со Грција според кој Македонија го менува уставното име во Република Северна Македонија, а се откажува од малцинствата и идентитетот.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоск пред граѓаните на Струмица рече дека ВМРО било Македонија, ВМРО е Македонија и ВМРО секогаш ќе биде Македонија, затоа што народот и неговите автохтони идеи и интереси се нашите создавачи, поддржувачи и нашата иднината! Додека постои ВМРО ќе пости Македонија, и обратно!

„Има една култна реченица во „Црно Семе“ на Ташко Горгиевски подоцна преточена во легендарна реплика на големиот Ристо Шишков кој седејќи пред очите на мајорот кој го принудува да пеат песни, овој одговара: „да пееме господине мајоре, само која песна, вашата или нашата“. Ова се историски мигови за нашата земја, времиња кои преку нашите потези не опишуваат она што сме и какви сме. Да покажеме ние македонците но и сите останати, Турците, Албанците, Бошњаците, Србите, Ромите, Власите, да покажеме кои сме и што сме, и како што отсекогаш низ историјата сме знаеле, мудро и вешто, но и решително и без страв свесни за идејата за која се бориме, да опстоиме и да испишеме еден пасус во нашата современа историја. И кај еден дел загрижени луѓе сосема оправдано во извесна смисла очите се вперени во ВМРО затоа што луѓето имаат надеж, затоа што луѓето знаат дека секогаш кога на нивната татковина со векови наназад и била потребна потпора ВМРО бил тој пилар кој секогаш се исправал пред предизвиците, така ќе биде и овој пат, ВМРО-ДПМНЕ е лекон за ова цунами кои и се случува на Македонија. Сите оние кои што не делат сакаат да не видат разединети, денеска читам текстови од луѓе кои што мене ме навредуваат, ме омаловажуваат, понижуваат, ќе сме се распаднеле лево, десно, ќе сме оделе ваму, таму. Сакам да им порачам дека не само што ќе ве разочарам ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било по сплотено, а ќе биде уште по сплотено кога ќе дојде денот, рече Мицкоски.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk