Протеран македонски дипломат од Москва

Министерството за надворешни работи на Русија како реципрочна мерка протерува еден македонски дипломат кој мора да замине од Русија како персона нон грата. На 30 март во МНР на Русија бил повикан шефот на дипломатската мисија на Република Македониј за да му биде соопштена одлуката.

„На сите им беше врачена протестна нота и изјава дека како одговор на неразумните одлуки на државите да протераат руски дипломати врз основа на неоснованите обвинувања од Велика Британија на адреса на Русија за т.н. „случај Скрипаљ“, руската страна прогласува за „персона нон грата“ соодветен број вработени во дипломатските претставништва на овие земји во Руската Федерација“, се вели во официјалното соопштение на МНР на Русија.

Македонија пред два дена реши да протера еден дипломат од Амбасадата на Руска Федерација во Македонија.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk