Пронајден мртов маж во „БМВ“

На 10.7.2018 година околу 08,40 часот, во полициската станица во Струга било пријавено дека во Струга кај мостот на реката Сатеска во патничко моторно возило „БМВ“ со струшки регистерски таблици, на задното седиште бил пронајден починат Н.С. (63) од с.Теферич – струшко.

На местото на настанот, извршен е увид од страна на увидна екипа од Полициската станица Струга, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk