Пронајдени двете лица што се изгубиле на Галичица

На 18.6.2018 година во 18.05 часот во Секторот за внатрешни работи Охрид, Б.Т.(44) од Охрид пријавил дека истиот ден околу 16.00 часот телефонски се слушнал со неговите пријатели Г.А. и Р.Т. од селото Радолишта, струшко, кои му кажале дека се наоѓаат на планината Галичица, но дека не ја знаат точната локација.

„Возилото со кое биле, претходно го оставиле во селото Велестово. Од тој момент до 21.00 часот лицата биле недостапни на своите мобилни телефони. Во 21.00 часот со лицата бил остварен телефонски контакт, а во 05.00 часот на 19.6.2018 година лицата биле пронајдени“, стои во соопштението на СВР Охрид.

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk