Пред Собранието граѓаните оддадоа почит и запалија свеќи за Никола

Неколку стотина граѓани се собраа пред Собранието во знак на протест и да изразат жалење за смртта на членот на навивачката група Комити и фан на фудбалскиот клуб Вардар, Никола Саздовски.

Комитите донесоа знаме со ликот на Саздовски и го закачија на заштитната ограда на Собранието. Протестот се одвиваше во тишина.

Инаку, Саздовски беше претепан од три лица пред десетина дена, припадници на навивачката група Шверцери, при што им подлегна на повредите.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk