Пратениците на СДСМ откажуваат послушност за гласање на уставните измени

Неколку пратеници од владејачкото мнозинство веќе најавиле непослушност по однос на партискиот став за гласање на уставните измени, а албанските коалициони партнери на СДСМ сега ја уценуваат партијата со дополнителни уставни измени по однос на правата на Албанците, а за возврат да гласаат за уставните измени согласно договорот од Преспа. Најмалку два пратеника од владејачкото мнозинство му откажале послушност на Зоран Заев за гласање на Уставните измени кои произлегуваат од договорот од Преспа, меѓу кои една пратеничка од Битола и пратеник од Скопје кој на листата на СДСМ влезе како независен кандидат.

Од она што го дознаваме, СДСМ ја губи и поддршката од албанските партии кои сега бараат дополнителни уставни измени како двојазичноста, да влезат во пакет заедно со уставните амандмани од договорот од Преспа, инаку немаат намера да гласаат. Пратеникот Ферид Мухиќ впрочем и на почетокот на референдумската кампања јасно се изјасни дека нема да подигне од расположливите средства за кампања, и дека доколку референдумот не го постигне потребниот цензус нема да гласа за уставните измени. Оттука произлегува и повикот за предвремени парламентарни избори, кои Зоран Заев, Радмила Шеќеринска и останатите функционери на владејачката партија хорски го заговараат.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk