По Хектор и Алексеј ги поплави улиците во градот и кејот

Циклонот Алексеј почна да прави хаос во центарот на градот и крајбрежјето. Улиците и градскиот кеј се целосно под вода од високите бранови и силниот јужен ветер кој с`е посилно дува.

И во Струга високите бранови прават проблеми, но таму мал е бројот на угостителски објекти кои се сместени непосредно до самото езерото. Овде поради високото ниво на Охридското езеро и реката Црни Дрим системот за одведување на отпадни води и канализациониот систем се во тотален колапс.

„Се врши максимален испуст на вода во Црн Дрим а извршено е и пренасочување на реката Сатеска“, велат од ЕЛЕМ.

За да не дојде до големи поплавувања состојбата будно се следи.

„Преземаме соодветни мерки за санирање на евентуални настанати ризици и опасности. Подготвена е и охридската капетанија а закотвени се сите пловни возила во каналот Студенчишта“, информираат од ЦУК.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk