Почина познатиот македонски рок-музичар Симеон Иванов-Канго

По тешко боледување на 67-годишна возраст денес во Кочани почина рокерот и гитарист Симеон Иванов-Канго. Повеќе од 50 години се занимаваше со музика и уметност како поет-сликар, а беше основач и на културното движење „Мактеон“ кое ја промовираше македонската нација, култура и јазик.

Во својата долга музичка и поетска кариера Канго издаде седум музички албуми и четири стихозбирки. Беше препознатлив по својот немирен творечки дух и необичен стил на музицирање и облекување, поради што го нарекуваа македонски Џими Хендрикс.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk