Почина Никола, момчето што беше крвнички претепано во Автокоманда

Никола Саздовски (21), кој минатата недела од страна на три лица беше крвнички претепан на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда, почина подлегнувајќи им на повредите.

Настанот се случил на 29.6.2018 година околу 17.30 часот кога Саздовски бил нападнат од Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје. Тепачите го пресретнале Саздовски и го нападнале удирајќи го со метални шипки по главата и телото. Младото момче неколку дена беше во кома во КАРИЛ во клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

По преземени мерки, од страна на полициски службеници, прво и второпријавениот се лишени од слобода и одредена им е мерка притвор.

Не е јасно зошто МВР против тепачите поднесе кривична пријава за насилство, иако според тежината на кривичното дело за претепувањето на Саздовски, кривичната пријава требало да биде за нанесување тешка телесна повреда. Се очекува ОЈО да ја преименува кривичната пријава против насилниците.

ОХРИС 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk