Почина миленикот на Балканот, легендата Оливер Драгојевиќ

Легендарниот пејач од Сплит, Хрватска, Оливер Драгојевиќ утрово ја изгуби битката со тешката болест. Почина на 71-годишна возраст, после една година откако му беше дијагностициран рак на белите дробови.

Зад себе остави безброј хитови кои со децении се пеат на овие простори. Одржа многу концерти низ светот и во Македонија.

„Вашата публика е една од најискрените на Балканот, има слух и знае да ги препознае и да ги негува квалитетните изведувачи. Храната е феноменална, а виното го обожувам“, велеше за Македонија, Оливер Драгојевиќ.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk