Полска вечер на „Охридско лето“

Во рамките на традиционалната Полска вечер на фестивалот „Охридско лето“ денеска во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот ќе настапи Вроцлавскиот барокен ансамбл со дела од Гжегож Гервази Горчицки и Станислав Силвестер Шажињски.

Диригент на вечерта е маестро Анджеј Косендиак, а како солисти ќе се претстават сопранот АлдонаБартник, контратенорот ПјотрЛиковски, тенорот Бенјамин Глаубиц и бас/баритонот Јержи Бутрин.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk