Пожар во КПУ „Затвор Охрид“

Вработен во Казнено поправната установа „Затвор Охрид“ вчера во 15.45 часот во Полициската станица Охрид, пријавил дека на 12.3.2018 година во 20.20 часот во една од собите во притворското одделение, Л.М. (31) од Куманово, најверојатно со запалена цигара, запалил ќебиња и јоргани во просторијата каде бил сместен.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, како и од вработените во затворот.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk