Поддржувачи на референдумот од Охрид заминаа да ја промовираат Северна Македонија во Скопје

Автобуси, комбиња и коли денеска ги превезуваа граѓаните поддржувачи на референдумот за промена на името на денешниот настaн „Марш за европска Македонија” во Скопје. Маршот е во организација на владината коалиција, платен со пари на граѓаните во рамки на референдумската кампања финансирана од Собранието на Р.Македонија.

Свесни дека ќе доживејат уште еден дебакл, бидејќи охриѓани не го поддржуваат референдумот, Владеачката гарнитура под присила и закана носи луѓе од Охрид на прославата за промена на името во Скопје. Според информациите, биле вршени притисоци кон вработените во општинската администрација и јавните претпријатија и по списоци ги праќале охриѓани.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk