Повисоки цени на зелените пазари

На зелените пазари во февруари најскапо се продаваше јаболкото. Карактеристично за минатиот месец е зголемената цена на јаболкото, споредено со истиот период лани, како на зелените пазари така и на пазарите на големо. Цените ги качија раните пролетни мразеви кои го зафатија Ресенско- преспанскиот регион.

Златниот делишес поскапел најмногу и чинел 46 денари за килограм, односно за 80% повеќе.

Поскапи беа и кивата, портокалот и калинката за 20%, а лешникот, лимонот и цитронот беа поевтини.

Од зеленчукот по пониски цени се продавале карфиолот за 62%, бруколата 26%, пиперката, доматот и краставиците 13% и тиквицата за 26%.

Овој февруари единствено поскапи биле, маслинките за 4,5%, тиквата за 5,6% и цвеклото за 6%.

Оризот лани чинел 67, а годинава иако понудата се преполовени, на зелените пазари се продава за 63 денари за килограм.

Значително покачување на цените на зелените пазари граѓаните очекуваат на почетокот на месец април, во пресрет на велигденските празници. Како и секоја година корекција на цените ќе има кај јајцата, зеленчукот , овошјето, јагнешкото и свинското месо.

извор МРТ

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk