Повик од ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга за утрешниот протестен марш во Битола

ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга испрати писмено соопштение во кое упатува повик за утрешниот протестен марш во Битола.

„ВМРО-ДПМНЕ како партија секогаш цврсто стоела на браникот на татковината. ВМРО-ДПМНЕ, Струга не го поддржува срамниот договор на Зоран Заев за промена на името. Со овој договор се врши класичен геноцид, а ние нема да дозволиме да ни го скинете коренот, да не разнебитите и да го негирате нашето постоење. Ние живееме во Република Македонија и зборуваме македонски јазик! Се работи за нашите животи и животите на нашите поколенија.
Затоа, Ве повикуваме, сите стружани кои го поддржуваат нашиот став, без разлика на вера и нација, да застанат рамо до рамо со нас на протестниот марш којшто ќе се одржи на 17 јуни (недела) во Битола со почеток во 13:00ч и да се  спротивставиме на уништувачките политики на Владата на СДСМ, кои ги прави во Република Македонија“, стои во повикот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Струга.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk