Пет охриѓанки наместо како фотомодели завршиле на порно сајт

Против К.К. (29) од Свети Николе и Н.Ц. (31) од Охрид за сторени две кривични дела „злоупотреба на лични податоци” се поднесени кривични пријави од страна на Секторот за внатрешни работи во Охрид.

„Во периодот август – октомври 2017 година, пријавените во два наврати на две плажи во Охрид извршиле фотосесија на пет девојки од Охрид со изговор дека ќе бидат фотографирани за модна агенција од Р.Србија со цел да бидат избрани за манекенки, презентерки, фотомодели и снимање спотови“, информираат од СВР Охрид.

За услугата им бил даден надомест од по 600 денари, а им биле фотографирани и личните документи. По ова во текот на 2018 година фотографиите и личните податоци на девојките, без нивно знаење и согласност биле објавени на веб сајт кој бил креиран за остварување контакти и интимни средби со девојки.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk