Охриѓанец до Стојаноски, Лазаревска и Тунтев: Како не ви е срам да носите деца од училиштата во политички цели?

Утрово, на настан организиран од општина Охрид по повод Меѓународниот ден на мирот, на плоштадот во Охрид беа присутни пратениците Жаклина Лазаревска и Томислав Тунтев, заедно со градоначалникот Јован Стојаноски и директорите на јавните претпријатија.

Еден од случајните минувачи бурно изреагирал на нивното присуство поради незадоволството од моменталната политичка ситуација во Република Македонија и на присутните им побарал да си поднесат оставка. По неговата реакција присутните униформирани лица од СВР Охрид го отстраниле лицето од местото на настанот со цел да ги заштитат присутните функционери на власта.

Во продолжение погледнете го видеото кое беше објавено на фејсбук страницата Никогаш Северна- Секогаш Македонија.

Инцидент во Охрид

Обид за апсење на граѓанин на Охрид поради јавно искажаното незадоволство од моменталната политичка ситуација. Присутни на местото на настанот биле пратениците од власта Томислав Тунтев и Жаклина Лазаревска.

Posted by Никогаш Северна – Секогаш Македонија on Friday, September 21, 2018

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk