Охрид го празнува 11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ

Во големата општинска сала започнаа прославите по повод одбележувањето на 11 Октомври-Денот на народното востание. Во рамки на случувањето историски час по повод празникот одржа Наце Иваноски од ОО на Сојузот на борци.

Чествувањата за 11 Октомври продолжуваат утре кога во 11 часот делегации од општина Охрид и останати претставници од јавниот и политички живот од градов ќе положат свежо цвеќе на Спомен обележјето од НОБ во градскиот парк, во дворниот простор на Основен Суд-Охрид и Економското училиште, „Св. Кирил и Методиј“ и кај градски гробишта.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk