Охридски фирми кои добија грант од спорниот повик на Фондот за иновации

Четири охридски фирми добија грант на првиот јавен повик за финансирање проекти, објавен од Фондот за иновации и технолошки развој.

Компанијата „ПЗУ ПОЛИКЛИНИЧКИ ЦЕНТАР“ доби грант со проектот „Имплементација на дигитална ортодонција – индивидуални миофункционални исправувачи на заби како иновативен производ и производство на прозирни исправувачи со 3Д технологија“ во секторот: здравство (медицински истражувања, лекови, медицински помагала и медицински потрошен материјал.

Компанијата „ТД ВА-ПЛАСТ ДООЕЛ“ со проектот „Нов иновативен дизајн на козметичка кутија за долг активен живот на кремите“.

Во секторот земјоделие со проектот „Програм за производство на Рафја за градинарство“ фирмата „СП-ПАК ДООЕЛ Охрид“.

Проектот „Иновативни и одржливи раставувачи за надворешна употреба“ на компанијата „Инжинеринг ДАСС Охрид ДОО“ во секторот електроника и електротехника.

По објавените резултати следеа бурни реакции поради тоа што компании на високи државни функционери добија грантови.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk