Охридскиот театар со „Стаклена Менажерија“ на „Охридско лето“

Комплекси, несигурност, суровост на современиот човек кој ја загубил смислата за солидарност и сочувство кон послабите. Оваа реална слика оригинално ја доловија актерите од Народниот театар од Охрид кои вчера во рамките на фестивалот „Охридско лето“ ја одиграа вонвременската театарска претстава „Стаклена Менажерија“ од Тенеси Вилијамс.

Охридските актери Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ –Тодороска и Филип Кипровски на сцената доловија емоционално патување низ комплексноста на семејните односи но и болен крик за големата неспособност на човекот да љуби.

„Стаклена Менажерија” е едно од најинтересните дела на славниот Тенеси Вилијамс. Тој ја отсликува својата автобиографија во односите помеѓу самите ликови во драмата. Режисерка на оваа театарска претстава е Софија Ристевска- Петрушева.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk