Одбележани 117 години од формирањето на првата охридска востаничка чета

Во организација на месната заедница на с. Велгошти и МК на ВМРО ДПМНЕ – Велгошти на 7 јули (Иванден) во манастирот „Св. Петка“ во с. Велгошти се одржа чествување по повод 117 годишнината од формирањето на првата охридска востаничка чета.

На формирањето на четата присуствувале: Христо Узунов, Наум Цветинов, Андреј Христов, Наум Златарев и Никола Костојчинов, а според најновите откритија е забележано дека и мајката на Узунов присуствувала на овој настан.

Свежо цвеќе положија делегациите на МЗ на с. Велгошти, МК на ВМРО-ДПМНЕ Велгошти како и ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Велгоштани бараат да му се придаде поголема важност на овој настан од македонската историја.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk