Објавен конкурсот за запишување на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“

Универзитетот за информатички науки и технологии го објави конкурсот за запишување на студии од прв циклус на студиските програми на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид во учебната 2018/2019 година.

Во зависност од своите афинитети и интереси идните бруцоши можат да избираат помеѓу: Компјутерски науки и инженерство; Комуникациски мрежи и безбедност; Машинска интелигенција и роботика; E-Влада, E-Бизнис, E-Култура; Информатички системи, визуелизација,дигитална мултимедијална и анимациска техника; Развој на компјутерски игри, дигитален дизајн и анимација и Информациски и комуникациски системи за бизнис и менаџмент, со тоа што програмите за E-Влада, E-Бизнис, E-Култура и Развој на компјутерски игри, дигитален дизајн и анимација се во постапка за реакредитација пред Одборот за акредитација и евалуација на високото образование.

Првиот уписен рок е 30 и 31 август, вториот 13 и 14 септември, а третиот 26 септември. Повеќе информации може да се добијат на следниот линк: https://goo.gl/GDuhNg.

ОХРИД 24

 

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk