Обука за слобода на изразување со примери од практиката на EСЧП

Обука на тема „Ограничување на слободата на изразување: граница помеѓу слободата на изразување и говорот на омраза со примери од практиката на EСЧП“ се одржа на 19 и 20 април во Охрид. Обуката е во рамки на соработката на Адвокатска комора на Република Македонија со Советот на Европа под проектот „Зајакнување на судската експертиза за слободата на изразување и за медиумите во Југоисточна Европа (JUFREX).

„Придобивките од овој проект ќе бидат долгорочни не само за адвокатите кои ќе бидат обучени, туку и за Адвокатската комора како професионална организација во однос на зајакнување и проширување на капацитетите за продолжување на правното образование на адвокатите“, истакна претседателот на Адвокатската комора на РМ, Никола Додевски.

Предавачи на обуката беа Мирјана Лазарова-Трајковска, поранешен судија во Европскиот суд за човекови права и Марко Андонов, професор и декан на Факултетот за правни науки при Универзитетот „Американ колеџ“ од Скопје.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk