Обид за силување во патничко комбе

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „силување во обид”, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.Г.(44) од струшкото село Лабуништа.

„Тој, казненото дело го сторил на ден шести овој месец околу 12 часот и 30 минути во патничко комбе кое сообраќало на релацијата Струга-Охрид. Во момент кога комбето застанало на постојка на улицата „Гоце Делчев“, пријавениот започнал да ја допира по телото сопатничката која била на соседното седиште. По нејзините бурни реакции, С.Г. веднаш го напуштил комбето и избегал“, информираат од СВР Охрид.

По преземени мерки, СВР Охрид го пронашло можниот сторител по што било извршено негово препознавање од страна на оштетената.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk