Обвинителството бара Заев да биде осуден, но го смени делото во поблаго

Обвинителството бара Заев да биде осуден, но го смени делото во поблаго. Наместо за примање поткуп за што е предвидено најмалку 5 години затвор, обвинителката Валентина Бислимовска, во завршниот збор побара судот да го осуди за барање поткуп за што се предвидени најмногу 5 години затвор. Таа рече дека обвинетиот Зоран Заев не примил мито, туку само барал пари од струмичкиот бизнисмен Иван Николов и заради тоа го преквалификувала обвинението.

Тајните снимки кои протекоа од градоначалничкиот кабинет на Заев и каде се зборува за евра кои Заев ги бара од Николов, нема да важат, откако обвинителката ја смени квалификацијата и го омекна делото.

Пресудата за овој случај кој трае речиси две ипол години се очекува да биде донесена во понеделник.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk