Нов хотел „Unique Resort & Spa“

Туристичката понуда градот ќе биде збогатена со уште еден модерен сместувачки капацитет. Тоа е новоизградениот хотел „Unique Resort & Spa“, кој се наоѓа во самиот град, во непосредна близина на Холандскиот парк на Кејот на Охридското Езеро. Хотелот располага со 130 просторни соби, со модерен ентериер и пријатен амбиент, додека за гастрономската понуда ќе бидат задолжени готвачи со богато искуство. Хотелот располага и со модерен спа-центар и фитнес-сала, како и целосно опремени конференциски сали за организирање најразлични настани.

На најгорниот кат на објектот се наоѓа летна тераса со прекрасен поглед на Охридското Езеро, а хотелот располага и со сопствен паркинг.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk