Ново рочиште за „Монструм“ и убиството кај Смилковскo Езеро

За денес во Основниот суд Скопје 1 е закажано ново рочиште за случајот „Монструм“. На минатото рочиште судијата Огнен Ставрев го задолжи обвинителот Наум Пановски кон обвинението кое во судница го читаше да го спои и делот во кој кривично се гони Сами Љута. Обвинението за Љута беше поднесено подоцна од обвинението за другите обвинети.

„Пред петкратното убиство, обвинетите го разгледуваа теренот кај Смилковското Езеро, регистрираа колку лица и од која националност доаѓаат и го напуштаат местото“, нагласи обвинителот Пановски уште на првото повторено судење.

Пановски нагласи дека убиството обвинетите го сториле со умисла на свиреп и подмолен начин. Сторителите со автоматски пушки на жртвите од блиску им пукале во прстите, вратот, стапалата, стомакот, во градите.

„На обвинетите кои се опфатени со обвинителниот акт им помагале уште две лица чиј идентитет засега е неутврден. Тие им помогнале преку нелегален премин да побегнат во Косово“, додаде обвинетелот.

Случајот со петкратното убиство доби друга димензија откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев најави дека има „бомби” што ќе ја откријат вистината за петкратното убиство.

Поради новите докази што се појавија за овој настан, Врховниот суд донесе одлука предметот да го врати на повторено и да им го укине притворот на обвинетите.

Овој предмет се отвори по втор пат. Јавноста не знае што има во „бомбите”, ниту пак дали вистинските извршители се оние на кои им се суди, или зад овој настан се крие нешто друго.

Клучот за овој настан е кај СЈО, кое ги има т.н. „бомби” и кое по завршување на предистражната постапка ќе треба да одлучи дали ќе биде отворена нова истрага за петкратното убисто и против кого.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk