Неуспешен обид за забрана на филмот „Ругање со Христос“, може слободно да се прикажува

И покрај тоа што Државниот правобранител пред два дена го повлече барањето, Основниот суд Скопје 2 денес сепак одржа седница за емитувањето на филмот „Ругање со Христoс” на режисерот Јани Бојаџи.

Судот одлучи да не го цензурира. На судското рочиште присуствуваше само претставникот на здружението „Арт кино” под чија надлежност е емитувањето на филмот. Во меѓувреме, Државниот правобранител во саботата го повлече барањето за забрана еден ден откако филмот веќе беше премиерно прикажан на фестивалот „Киненова” во Скопје.

Според правобранителот, филмот бил емитуван пред судското рочиште, па затоа барањето нема правна основа за да биде разгледано. Од друга страна, паралелно барање доставено од Државниот правобранител за испитување на постапката за финансирање и производство на филмот е веќе во фиоките на Јавното обвинителство.

Жалбата на Државниот правобранител и Министерството за култура се заснова на поттикнување на меѓуетничка и меѓурелигиска омраза. Досега, од обвинителството не сакаат да зборуваат дали започнало или не разгледувањето на ваквото барање.

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk