Нема повеќе летови на „Визер“ од Охрид до Лондон

Откако Министерството за транспорт и врски ја прекина постапката за избор на авиокомпанија за субвенционирање, а на кој единствен понудувач беше унгарската нискобуџетна компанија „Визер“, тие ја суспендираа продажбата на билетите за неколку дестинации од Македонија.

Од денеска не може да се закажува лет од Скопје до Барселона, подоцна од 26 октомври годинава и од Охрид до Лондон подоцна од 24 октомври, како и до 16 септември помеѓу Скопје и Ваксјо во јужна Шведска.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk