Нема исплата на отштета за земјотресите во Охрид

С`е уште нема обештетување од штетите по земјотресите во Охрид. Владата нема донесено одлука дали и во колкав процент ќе ги обештети охриѓани кои претпреа големи штети на нивните домови од силниот земјотрес од 5,1 степен според Рихтер. Охриѓани се скептични дека воопшто ќе добијат некаква помош. Исплатата на средствата на граѓаните кои претрпеа штети од силниот земјотрес повторно се пролонгира.

Градоначалникот Стојаноски изјави дека тоа излегувало од неговите ингеренции и Локалната самоуправа.

„Ние како Локална самоуправа вршиме проценка на штетите, тој извештај го усвојуваме на Совет, а усвоен е минатата година, останува Владата да ги исплати штетите“, рече Стојаноски.

Според Стојаноски тоа ќе било до крајот на летото, што само го пролонгира датумот којшто беше претходно ветен од Владата, т.е. крајот на месецот април.

„Републичката комисија за проценка на висина на штети од елементарни непогоди го добила и го разгледала барањето за обештета на општинската комисија од Охрид. За одлуката Републичката комисија се очекува до крајот на овој месец да ја извести и Владата и општината Охрид“, ова го изјави во април Миле Бошњаковски, портпарол на Владата.

Во земјотресот, јули минатата година за 15 објекти е утврдено дека воопшто не се за живеење. Детската градинка „Билјана“ која беше најмногу оштетена, с`е уште е затворена. Вкупно се поднесени 862 барања за обештетувања, а проценката за направените штети од општинската комисија е околу еден милион евра.

Охриѓани кои чекаат обештетување поради претрпените штети од земјотресот ќе почекаат.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk