Невообичаено за туристички град, но и тие се жедни

Бројот на кучиња-скитници расте секојдневно во Охрид. Може да се забележат во центарот на градот, градскиот плоштад, чинарот, но и наоколу. Токму кај Чинарот може да се забележи како две кучиња пијат вода на фонтаната.

Ова може да биде сериозен проблем за пренесување на болести.

Локалната самоуправа мора да ги преземе мерките за кои е законски задолжена. Во градот нема соодветен простор за згрижување на кучињата-скитници.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk