Најмногу дожд наврна во охридскиот регион

Надлежните екипи се на терен во текот на вчерашниот ден, откако нашиот регион е погоден од силни врнежи од дожд, информираат од охридската локална самоуправа.

Најмногу дожд до 16:00 часот наврнаа токму во Охрид, и тоа 22 литри на метар квадратен.

Градската мрежа тешко ја прифаќаше надојдената вода, па екипите на „Нискоградба“реагираа соодветно на повеќе точки. Се санираше делот кај кафе барот „Аквариус“, се работеше и на Булеварот „Туристичка“ и на повеќе локации во градот.

„Екипите остануваат будни затоа што според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето вечерва и преку ноќта ќе биде облачно на повеќе места со слаб до умерен дожд. Врнежите ќе се почести во западниот регион, каде на одредени места се очекува да наврнат и нови 60 литри на метар квадратен“, велат од локалната самоуправа.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk