Највисоко на пиедесталот и на „Романија опен 2018“

Викендов во Орадеа Романија се одржа еден од најјаките А класа ИТФ турнири во централна Европа „РОМАНИЈА ОПЕН 2018”, на кој учествуваа клубови од 12 земји, каде беа комплетните репрезентации на Чешка и Бугарија кои се едни од најјаките Федерации во светот. Покрај нив имаше претставници, од Словачака, Унгарија, Молдавија, Италија, БиХ, Србија,Англија, Аустрија,Ромаија и Македонија.

„На овој престижен турнир учествуваше и нашиот најдобар клуб од Македонија Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“, Лескеоц – Охрид, каде нашите натпреварувачи под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас IV дан , поранешен светски вицешампион, освоија 13 медали, со што го потврдија својот препознатлив квалитет на Балканот и пошироко“, велат од Клубот.

Давид Крстески, најдобриот поединец се искачи највисоко на пиедесталот и на „РОМАНИЈА ОПЕН 2018”, во стилот на големите мајстори, ги совлада сите негови противници маестрално, демонстрирајќи надмоќ над сите противници, користејќи атрактивни техники со што докажа дека е спремен за идното Европско првенство кое ќе се одржи во Италија Римини април 2019.

„Покрај Давид, имавме одлично издание и кај другите натпреварувачи, Антонио Јанески, кој е носител на зелен појас, во неговата категорија сите негови противници беа носители на црни појаси, успеа да го земе и третото место, при што во полуфинале изгуби за 1 поен од актуелен европски и светски шампион од Италија, при што беа сите изненадени од еден зелен појас , да се искачи на пиедесталот при таква конкуренција. Истотака одлично се претставија, Филип Трифуноски во неговиот атрактивен стил, Елена Јанеска, Марио Крстески и др“, информираат од Клубот.

Од клубот велат дека ова е извонреден завршеток на оваа натпреварувачка 2018 сезона, настапиле со 11 натпреварувачи, и ја збогатија Македонија со 13 медали од кои 1 златен, 6 сребрени и 6 бронзени медали.

„Пристрасноста на судиите не оштети за уште некој златен медал, ама тоа не е за нас изненадување, бидејќи сме навикнати на судиски неправди“, изјавува Лазаревски.

Со што повторно користи прилика да изрази најголема благодарност до нивниот генерален спонзор „ПН МЕТАЛ”, кој е најзаслужен за сите нивни резултати.

Освојувачи на медали:
Давид Крстески – 1 место , злато – борби -35 кг кадети 10-11 год.
Марио Крстески – 2 место , сребро –борби -40 кг кадети 12-13 год.
Филип Трифуноски -2 место,сребро- борби -60 кг кадети 12-13 год.
Елена Јанеска -3 место, бронза , – борби -40 кг кадетки 12-13 год.
Климент Кузмановски -2 место, сребро , – борби -50 кг јуниори 14-15 год.
Антонио Јанески -3 место, бронза , – борби -55 кг јуниори 14-15 год
-3 место, бронза , -форми, зелен појас, јуниори 14-15 год
Хриситјан Митрески -2 место, сребро , – борби -70 кг јуниори 14-15 год
Јане Димов -3 место, бронза , – борби +70 кг јуниори 16-17 год
Ангела Вељаноска -3 место, бронза , – борби -55 кг јуниорки 14-15 год
-3 место, бронза , -форми, жолт појас, јуниорки 14-15 год
Анастасија Вељаноска -2 место, сребро, – борби -60 кг јуниорки 14-15 год
-2 место, сребро, -форми, жолт појас, јуниорки 14-15 год.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk