Монпелје се искачи на тронот во ЛШ

Екипата на Монпелје го направи најголемото изненадување на Ф4-турнирот каде влезе како аутсајдер на хартија и дојде до трофејот во Лигата на шампионите. На патот кон Келн ги исфрли Барселона и Флензбург, а по големата победа над Вардар во полуфиналето, избраниците на Канаје го надиграа и Нант (26-31), со што дојдоа до второто европско злато во историјата.

Најефикасни во тимот на Нант беа Лазаров со шест и Гурбиндо со пет гола, а кај Монпелје се истакнаа Фабрегас и Симонет.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk