„Млади за Македонија“ ќе протестираат против договорот со Грција

Голем сенароден протест против промената на името Македонија под мотото „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ започнува во 20 часот пред Собранието на Р.М поддржан од повеќе граѓански здруженија.

„Протестот е организиран од студентите и младите и нема да дозволиме некој насилно да го промени нашето име и да ја уништи нашата иднина. Никој нема право да не понижива и насилно да ја продава нашето достоинство и нашата душа. Ние сакаме да живееме во држава Македонија, а не во држава со сменето име. Ние сакаме подобра иднина во оваа држава, а не да не се иселиме и Македонија да стане држава со иселена младина од типот на Романиај и Бугарија. Ние сакаме да останеме да живееме во оваа држава, а не насилна промена на нашето име и идентитет“, велат организаторите на протестот.

Државата останува на младите и токму затоа младите се тие кои треба да одлучат за иднината на Македонија.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk