Мицкоски на одбележувањето на споменот за петте струмички студенти

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на одбележувањето на споменот на петте струмички студенти: Пецев, Белев, Јарамов, Топчев и Костуранов, млади животи коишто од тоа време сонуваа за Европска Македонија.

„Македонија којашто ќе биде независна и самостојна. Македонија којашто ќе биде горда. Македонија којашто ќе биде исправена а не понижена и омаловажена. Годините потоа ќе сведочат за нивниот активизам, но и за нивното херојско дело кое што го направиле додека биле живи.

Денеска се наоѓаме овде на ова место заедно со Унијата на Млади Сили на Општинскиот комитет Струмица и околните Општински Комитети Василево, Босилово, Ново Село, Радовиш имаме од Унијата на млади сили од Валандово, Богданци и останатите околни општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ на местото каде што започнува патот во неповрат на овие пет млади човечки животи, на овие пет патриоти кои што сакале да ја видат сопствената земја европска и интегрирана“, рече Мицкоски.

Сите заедно потоа ќе се движат по патеката каде што нивните животи, нивната судбина оди во неповрат, но со една иста идеја а тоа било како Македонија еден ден да биде современа, модерна, горда и достоинствена држава.

„Пецев, Белев, Јарамов како што вели една народна песна Топчев и Костуранов нивната крв младешка ги натопи твоите ги натопи твоите лисија столетни. Беласица на својот пат кон вечноста заедно со Македонија ќе ги спомнува нивните животи 1951-та предвреме згаснати на 13 Август“, изјави Христијан Мицкоски.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk