Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на уставното име на државата

На телевизискиот дуел меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лидерот на опозицијата потенцираше дека неговата партија е против промена на уставното име.

„Ние имаме егзибиционистички процес. Не оди на арно работава. Ќе го потсетам Заев дека кажа оти не треба решението да се бара во промена на Уставот. ВМРО-ДПМНЕ не може да поддржи промена на Устав и уставно име. Заев јавно говореше дека нема да бара решение во промена на Уставот. Не Заев сте го спасиле достоинството. Народот за една држава е најголем капитал, а вие го потценивте народот. На тој народ му требаат чесни политичари. Вие мислевте, но немавте решение и го урнисавте тоа што 25 години се градеше”, рече Мицкоски.

На тоа, премиерот Заев одговори дека целиот процес на решавање на спорот со името е транспарентен и го праша Мицкоски што ќе се случува со Македонија ако не се реши спорот со името.

Мицкоски одговори дека граѓаните очекуваат политики, решенија и проекти за подобар живот, а не капитулација.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk