Мицкоски: Ако лидерот не клекне пред луѓето кои ја следат каузата за независна Македонија, тогаш не ја заслужува нивната доверба

Илјадници граѓани излегоа денеска да го поддржат ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски во идејата за слободна и суверена Република Македонија.

„Ми велат никогаш не треба лидерот и претседателот следбениците да го видат на колена. Но, јас имам еден одговор на тоа – ако лидерот не клекне пред луѓето кои ја следат каузата за Република Македонија и за независна Македонија, тогаш не ја заслужува нивната доверба“, го започна говорот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христија Мицкоски во Штип.

Трнлив бил патот на Македонија низ историјата. Секогаш исправана пред предизвици, неправди и апсурди.

„Стојам пред вас како пријател, и стојам пред вас како ваш сонародник, човек загрижен за истите работи за кои сте и вие загрижени. И како пријатели и сонародници, не смееме да имаме тајни меѓу себе, туку отворени срца и добри намери, за заедно да им погледнеме на проблемите во очи, затоа што поприлично ни се насобраа во нашата држава во последнава година и половина“, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека има посебна чест што денес е во градот Штип, во чија близина се родиле, престојувале и дејствувале едни од најголемите синови на македонскиот народ: Гоце Делчев, Даме Груев, Тодор Александров, генералот Михајло Апостолски, поетот Ацо Шопов, првиот премиер на независна Македонија Никола Кљусев, првиот министер за внатрешни работи Јордан Мијалков, првиот претседател на независна Македонија Киро Глигоров и многу, многу други.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk