Меѓународна хуманитарна поетска манифестација „СО БОСОНОГАТА ПО ПАТОТ НА СВЕТЛИНАТА”

Меѓународната хуманитарна поетска манифестација „СО БОСОНОГАТА ПО ПАТОТ НА СВЕТЛИНАТА” којашто се одржува од 15.9.2018 до 9.10.2018 доаѓа и во Охрид. Нејзиното мото е „Поетите, писателите и уметниците во хуманитарна мисија”, а е посветена на корисниците и штитеници на Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско” – Струмица.

Секој со своето присуство како учесник во програмата станува дел од хумантарната манифестација и дава еднаков придонес за спроведување на хуманитарната акција. Бидете хумани, добредојдени сте, порачуват од организацијата.

Настанот ќе се одржи на 6 октомври, започнува во 14 ч. во НУБ „Григор Прличев” со поетско читање на „Литературен клуб Григор Прличев” со поетите гости од Бугарија а продолжува во 17 ч. во Центарот за култура.

Организатор на настанот е поетесата Ружа Спасовска.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk