Меѓународен атлетски маратон и ревијален ватерполо турнир викендов во Охрид

По повод празникот – Денот на назависноста на РМ викендов во Охрид ќе се одржат Меѓународниот атлетски маратон и ревијален ватерполо-турнир. За маратонот стартот на трката долга 30 километри е утре во 9 часот од кај караулата во Свети Наум, а целта е на Кејот на Охридското Езеро.

Маратон се одржува во Охрид од 1976 година до 1993 година на 7 ноември – Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна. Од 2004 година маратонот добива меѓународен предзнак, и со исклучок на 2011 година, се одржува секоја година.

Во водите на Охридското Езеро кај Градското пристаниште со хуманитарен предзнак на ватерполо турнирот ќе учествуваат ветерани на ватерполо клубовите од Скопје, Струга и Охрид.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk