Малолетничка од Струга го загуби животот во несреќен случај

На ден 21.6.2018 година, во 12 часот и 20 минути, во полициската станица во Струга примено е телефонско известување од ЈЗУ „Општа болница“ Струга за несреќен случај со последица смрт на малолетничка родена 2012 година во Струга.

„По добивање на информацијата, формирана е увидна екипа и известен е Јавен обвинител по што излезено е на местото на настанот поточно на улицата „ЈНА“ во Струга. Притоа, констатирано е дека малолетното девојче била во нејзиниот стан заедно со мајка си и малолетниот брат по што во еден момент ја снемало од собите во станот. Откако мајката го забележала тоа, започнала да ја бара низ станот но и во соседниот стан каде живеел нејзиниот дедо по што излегле надвор од зградата. Тогаш ја забележале падната под балконот и итно ја префрлиле на хириргија при Општата болница во Струга. Таму била констатирана смрт а по наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на семејството“, информираат од СВР Охрид.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk