Макрадули: Дебрца е најидеалната локација за идната регионална депонија

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули денеска на Античкиот театар на трибината „Македонија на патот на ЕУ“ изјави дека идната регионална депонија е во рамки на општина Дебрца.

„Став на експертите е дека oпштина Дебрца е најидеалното место каде би се градела регионалната депонија за третман на отпад. Дали локацијата ќе биде посочената или некоја друга, тоа ќе биде плод на консултации, но треба да се разговара така што организираме јавни расправи бидејќи сакаме со граѓаните да се убедиме со аргументи“, рече Макрадули.

ОХРИД 24

Facebooktwittergoogle_pluslinkedinmail

© Ohrid24.mk. Сите права се задржани.
Текстот не смее да се презема, во целина или во делови без договор со Ohrid24.mk